Во само два дена контрола на струшкото одделение за инспекциски надзор при Државниот пазарен инспекторат изрекло 11 мерки над трговски субјекти во Струга и Дебар.
Раководителот на одделенито во Струга Шпендим Илјази информира дека трговците на мало, пред се во големите маркети не ја почитувале одлуката за посебни услови за трговијата на одделени стоки, односно маржа на одредени производи до три отсто, но оти се придржувале кон цените на безпрофитните производи.
– При контрола во трговијата, во саботата и понеделникот екипите на Државниот пазарен инспекторат изрекоа девет мерки во Струга и две во Дебар. Казните се за непочитување на одлуката за висината на маржата, односно применување маржа повисока од три отсто, додека забележавме почитување на цените на безпрофитните производи. На сите субјекти им се исречени казни од по 7.000 евра, истакна Илјази.
Тој упати апел до граѓаните да пријават на нерегуларности на телефонскиот број 191, а трговците да ги почитуваат владините одлуки.
– Ова е светска криза и трговците треба да имаат солидарност и да ја почитуваат одлуката на Владата, нагласи Илјази.