Почнуваат да важат владините одлуки за скалеста маржа на над илјада производи и за замрзнати цени на осумте најосновни.

Поевтинување од 10 отсто на производите

Надежите се дека ќе донесат поевтинување од околу 10 проценти, иако трговците негодуваа на ваквиот чекор на надлежните.

Над 1000 производи ќе поевтинат од денескa: Лебот, млекото, јајцата со пониски цени

Трговците за вршење дејност трговија на големо и мало имаат обврска производите кои се содржани во Одлуката да ги прибавуваат и продаваат месечнo на потрошувачите, во количина од најмалку 70% од количината прибавена во месец јануари 2025 година.

Согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, глобите за непочитување на овие две Одлуки се движат од 500 до 10.000 евра.

Дали се почитува мерката и дали има намалување на цените?

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат од денеска се на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со Одлуките во рамки на нивните надлежности.

Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk