Македонската царина при претрес на возилото го фатила поранешниот генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски со кеш пари, 20.000 евра на источната граница за кои немал покритие ниту биле пријавени. Тој овие пари сакал да ги пренесе во Бугарија.

Во моментот е задржан на граничниот премин Ново Село кон Бугарија, а вишокот на сумата е конфискуван. Инаку во прв степен, поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и уште шестмина обвинети добија затворски казни за злоупотреби од три до осум години затвор во случајот „Софтвери“.