56-годишен жител на Кичево, физички нападнал делегат на ракометен натпревар кој се одржувал во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево.

„Вчера било пријавено е дека во 11,45 часот, на полувреме од ракометен натпревар одржан во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево, Ј.Ш.(56) од Кичево, го нарушил јавниот ред и мир и од трибините влегол во спортскиот терен по што, физички го нападнал делегатот на натпреварот, С.Р.(36) од Охрид“, соопштија од МВР

Натпреварот е прекинат и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.