Утрово во 2 часот и 30 минути по полноќ жена пријавила дека нејзиниот 57 годишен маж насилно влегол во зграда и ги нападнал неа и својот малолетен син. Според информациите, 36 годишна жена го пријавила настанот во полиција. При доаѓањето во зградата, мажот ја уништил и влезната врата во влезот од зградата.
36-годишна жена пријавила дека на 25.07.2024 околу 20:50 часот пред влез од зграда на подрачјето на Центар, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг Д.Н.(57), стои во полициското соопштение за оваа семејна драма.
Од МВР преземаат мерки за целосно да се расчисти случајот.