Вчера доцна попладне, тројца полицајци кои во скопската општина Чаир бркале осомничен криминалец, биле пресретнати од десетина луѓе кои не им дозволувале да го приведат осомничениот.
Како што информира МВР, насилниците не слушале наредби, поради што полицајците морале да испукаат предупредувачки куршуми.
„На 23.04.2026 околу 18:45 часот додека тројца полициски службеници на подрачјето на Чаир извршувале службени дејствија со цел приведување на лице барано поради сомнение за сторено кривично дело, од страна на десетина лица биле спречени во извршување на службената задача.
Бидејќи лицата се оглушувале на наредбите, од страна на полициските службеници во воздух се испукани предупредувачки куршуми. Се работи на расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.
