ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(42) од струшкото село Теферич, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Тој, на 08.01.2023, во казино на магистралниот пат Струга-Ќафасан со пиштол упатил закани кон М.С.(57) од струшкото село Велешта, а потоа го оштетил службеното возило на казиното.