Лестер загуби од Тотенхем со 2-4, и остана без место во Лигата на шампионите.

Играчите под водство на Роџерс водеа со 2-1, но во финишот примија три гола и ќе мора да се задоволат со Лига Европа.

Челзи се „тресеше“ до последен момент. Тие иако загубија од Астон Вила, сепак обезбедија настап во Лигата на шампиони со победата на Тотенхем над Лестер.

Ливерпул иако стресен со повреди во текот на целата сезона, во финишот на оваа година успеа да се извади и да игра во најпрестижното европско натпреварување. Со двата гола на Садио Мане, тие го совладаа Кристал Палас.

Простување од Манчестер сити со победа од 5-0 имаше Серхио Агуеро, а самиот тој постигна два гола.

Во ЛШ играат првакот Манчестер сити, вицепрвакот Манчестер јунајтед, Ливерпул и Челзи. Лестер и Вест Хем ќе ја претставуват Англија во Лига Европа, додека Тотенхем ќе игра во Конференциската лига.

Еве ја целата табела: