Бројот на напади на банкомати во Европа драстично расте, утврди „Европол“.
Видовите на употребените експлозиви се исто така сè помоќни и опасни, изјави портпаролката на „Европол“, Клер Жорж за новинската агенција „ДПА“.
„Исклучително моќни експлозиви се користат сè почесто, предизвикувајќи дури и уривање на згради и убивање на невини луѓе“, рече таа.
Додаде дека полицијата го идентификувала овој растечки тренд во многу европски земји, вклучително и Германија, јужна Европа и балтичките земји.
Нападите се извршени од криминални банди кои се специјализирани за такви експлозии и дејствуваат на меѓународно ниво, рече таа.
Германската полиција минатите години забележала 287 напади на банкомати, додека лани имало 268. Се очекува годинава да има повеќе.
До септември холандската полиција забележала ист број напади на банкомати како и целата претходна година и покрај намалувањето на бројот на банкомати.