Во јануари 2021 година, десет месеци по строгата забрана за движење во земјата, е забележан најнискиот наталитет на Апенинскиот полуостров. Во споредба со истиот месец претходната година, во јануари 2021 година се родиле 5.000 бебиња помалку, што е намалување за 13,6 отсто.
ИСТАТ наведува дека се чини дека таквиот тренд е траен, доколку се земе предвид значителниот пад на бројот на новороденчиња во ноември и декември 2020 година.
За нешто повеќе од една деценија, бројот на новороденчиња во Италија е намален за една третина. Додека во 2008 година беа родени 576.659 бебиња, годинава се родени 404.892.