„Во врска со видео-изјавата на членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Драган Ковачки, објавена на Јутуб каналот на ВМРО-ДПМНЕ, како и на интернет страницата на Сител Телевизија, со наслов „Ковачки: Внукот на Али Ахмети со фирмата која ја купи Соравија работи на Коридор 8“, сакаме да ве информираме дека се работи за комплетна невистина и погрешна пласирана информација во јавноста. „Тхор Индустриес“ ги демантира сите невистини искажани од господинот Ковачки“ стои меѓудругото во демантот.
Од фирмата информираат дека „ваквите лажни тврдења прават штета на компанијата „Тхор Индустриес“, како и на личниот углед на сопственикот Дрин Ахмети. Исто така, „Тхор Индустриес“ бара јавно извинување од страна на ВМРО-ДПМНЕ и господинот Ковачки, во спротивно ќе ги превземе сите правни дејствија за претрпената штета од невистините изнесени од страна на господинот Ковачки“.