Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против З.Е.(35), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 05.03.2023 во КПУ Затвор Скопје, полициски службеници извршиле претрес во просторијата во која престојувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана.