Властите во Москва накратко ги прекинаа операциите на двата главни аеродроми во текот на ноќта како одговор на, како што го опишаа официјалните лица, напад со украинско беспилотно летало врз руската престолнина.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, рано на 20 август на Телеграм напиша, дека противвоздушната одбрана била нарушена од инцидент, односно од едно беспилотно летало. Операциите на градските аеродроми Внуково и Домодедово беа прекинати.
Министерството за одбрана соопшти дека дронот бил оневозможен со електронски средства над московската област Ступино околу 4 часот по локално време. Претходниот ден војската соопшти дека е „пресретнат“ дрон во московскиот регион на пат кон главниот град.
Работата на московските аеродроми беше суспендирана неколку пати во последните недели. На 30 јули, Внуково беше затворен откако напад со дрон ги оштети високите згради во престижниот деловен комплекс Москва-Сити. Аеродромот повторно накратко беше затворен на 6 август.
Исто така, на 20 август, гувернерот на руската област Курск напиша на Телеграм дека „украинско беспилотно летало“ паднало низ стаклениот покрив на железничката станица Курск, предизвикувајќи мал пожар и повредени пет лица.
Информацијата не можеше да се потврди независно.
На 20 август, украинската војска пријави дека имало пет руски ракетни напади и 61 воздушен напад во претходните 24 часа.
„Како резултат на руските терористички напади, за жал, има мртви и ранети меѓу цивилното население“, соопшти Генералштабот на дневниот брифинг. „Уништени се станбени згради и друга цивилна инфраструктура“.
Инцидентите се случија еден ден по руски ракетен напад во украинскиот град Чернихив, при што загинаа најмалку седум цивили, а повредени се уште најмалку 148 луѓе.
Вршителот на должноста градоначалник на Чернихив, Олександр Ломако, прогласи тридневна жалост од 19 до 21 август, и на социјалните мрежи напиаа „никогаш нема да го простиме ова“.