Дронот кој падна во Загреб пред три дена е изваден од земја, а официјалните хрватски институции соопштија дека тој носел експлозив.
-На овој летачки објект пронајдовме делови од авоинска бомба. Авионска бомба на она што можеме, врз основа на овие фрагменти да заклучиме е исто така производство на Советскиот Сојуз. Таа како и сите останати елементи е пренесена од ова подрачје и по подлабока анализа и реконструкција ќе можеме точно да кажеме кој тип и со која цел, но засега можеме да потврдиме дека станува збор за авионска бомба која се користела на авионите, произведени во Советскиот Сојуз, вели Марио Баножиќ, министер за одбрана на Хрватска.