Силното невреме и дождот кој попладнево го зафатија главниот град предизвикаа голем број штети на неколку локации во Скопје.

На фотографија испратена од наш читател се гледа скршено дрво кое поради невремето паднало врз објект на ЈП „Градски паркинг“ лоциран на паркинг просторот во близина на градската – хируршка болница.

Од ЈП Градски паркинг го потврдија инцидентот и информираа дека дека лицето е во добра здравствена состојба.

За среќа тој е во добра здравствена состојба и помина само со ситни гребнатини, велат од таму во изјава за Скопје Инфо.