Државниот инспекторат за животна средина преку статус на Фејсбук информира дека УСЈЕ ги примени сите препораки и дека контролните мерења покажуваат дека нема надминување на емисиите.
„ИНФО ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАДОЛЖЕНИЈА ВО ИНСПЕКЦИСКА ПОСТАПКА ОД СТРАНА НА ПРАВЕН СУБЈЕКТ “ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ” АД СКОПЈЕ.
На 7ми Февруари е започната постапката за спогодување пред Комисијата за спогодување при МЖСПП и истата е во тек. По завршување на спогодувањето јавноста ќе биде информирана за конечната одлука.
Правниот субјект постапи по издаденото Решение во инспекциска постапка од страна на Државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Скопски регион при што во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 MW во котларата за загревање на фабриката отпочна со користење природен гас како гориво. Исто така беа извршени мерење на емисија на гасови од емитерот-оџакот на парниот котел со акредитирана лабораторија за животна средина. Од пристигнатиот извештај е утврдено дека нема евидентирано надминување на ГВЕ-граничните вредности на емисија.
Правниот субјект реализираше и мерења на 8 емисиони точки согласно А-ИЕ Дозвола од сите производни делови кои се во работен режим со две акредитирани лаборатории за животна средина. Останати 4 мерни места поради редовен годишен ремонт на ротациона печка 4 и придружни работни единици ќе се мерат дополнително.
Од пристигнатите извештаи е утврдено дека нема евидентирано надминување на ГВЕ-граничните вредности на емисија.
Една од двете печки (ротациона печка бр.4) е во ремонт и истата не е во работен режим.
Цементарница УСЈЕ А-Дозволата за усогласување со оперативен план ја поседуваше од 2011 година, измена на А-ДУОП беше направена во 2013 година, а А-Интегрираната Еколошка Дозвола ја поседува од 2020 година. Дозволите ги издава МЖСПП.
Врз основа на пристигнато барање од страна на Канцеларијата на Народниот Правобранител на РСМ (Заменик НП), во тек е подготовка на информација со барани податоци за работењето на правниот субјект Цементарница Усје која ќе биде доставена до барателот во законски утврдениот рок.
ДИЖС редовно ќе врши инспекциски надзори во правниот субјект согласно утврдени планови за работа“, стои во нивниот пост на Фејсбук.