Пендаровски е срам за функцијата која што ја врши. Тој не е ништо повеќе од обичен полтрон на власта на СДСМ и ДУИ. Остри реакции од опозицијата по редовното годишно обраќање на Претседателот во Собранието
И пратеничката група на опозицијата говорот на Пендаровски го оцени како блед и полтронски за разлика од владејчката СДСМ кој смета дека Претседателот имал државнички настап во светло на напредокот кој власта смета дека е направен на полето на интеграциите
За повикот на Пендаровски да го смениме Уставот и да ги внесеме Бугарите во него аплаузи денеска даваше и ДУИ
За Алијанса говорот на Претседателот бил коректен но со многу констатации а без предложени решенија.
Иако еден добар дел од пратеничките столчиња останаа празни, официјално, обраќањето на Пендаровски го бојкотираа само пратениците на Левица.