26 вработени од Државниот испитен центар најавуваат нова блокада на нивната работа, откако ниту министерствата за финансии ниту образование не одговорија на нивните барања за зголемување на платите.

Откако одлучија да го прекинат штрајкот за да биде спроведена државната матура пред седум месеци, сега велат дека нема да се спроведат никакви тестирања додека државата не им обезбеди достојни примања. Од 11-ти декември се во генерален штрајк.

Како што изјави денеска Емилија Бошковска од Синдикатот на ДИЦ, штрајкот продолжува поради недобивање на задоволителен одговор од Министерството за финансии за покачување на платите на вработените во оваа институција, односно нивно изедначување со платите на наставник ментор. Таа потенцираше дека платите на вработените во Државниот испитен центар се за 25 проценти помали од платите на наставник ментор. Станува збор околу 26 вработени лица.