-Државата покажува дека може да води големи инфраструктурни проекти. Ако пред година и пол зборевме за заглавени проекти за проекти што беа заборавени и беа само убаво слово на хартија и немаше реализација, сега зборуваме за сериозна реализација на истите и драго ми е што успеавме да ги донесеме институциите на тоа ниво да можат да реализираат сериозни проекти истакна изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8 што се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје.

-Сакам да се заблагодарам на партнерите од европа но и на тимот од министерството за транспорт, како и на тимовите на јавни патишта и македонски железници. денес ќе зборуваме за коридорот 8 кој оди исток запад, витален коридор, каде работите добро одат. при крај сме на реконструкција на деве баир на граничниот премин и почнуваме втора фаза проширување на граничниот премин. Ја пушптивме обиколницата кај крива паланка, експресниот пат страцин крива паланка. Со Бехтел и енка работиме на автопатите тетово-гостивар и гостивар-букојчани, работиме на автопатот Охрид кичево, а во финална фаза сме на избор на изведувач, на патот кичево-букојчани. заедно со европакста унија ќе работиме на експресен пат куманово-страцин, кој би го почнале следната година. од границата со Албанија до границата со Бугарија би требало да имаме автопат или експресен пат. Го реконструиравме и граничниот премин Ќафасан, рече Николоски.