-Со измените на Кривичниот законик, со предлог Законот за амнестија и со најавената трета амнестија или ставање во сила на одлуката за аболиција на Ѓорге Иванов, ДУИ и СДСМ дефинитивно го урнисаа правниот систем во државата и создадоа предуслови мафијата да владее во Македонија, да трупа капитал и да ги блокира евроинтеграциите. Вакво мафијашко владеење нема ниту во јужноамериканските држави!, соопштија од Демократски сојуз.

Многу е опасно што угледни професори по казнено право за пари се ставија во одбрана на измените во Кривичниот законик и амнестијата на тешки криминалци.

Во државата никој не верува дека сте загрижени за пренатрупаноста во затворите туку затоа што сте алчни за пари и власт.
Со ваквите одлуки само ја блокирате Македонија на европскиот пат и не можеме да веруваме дека ЕУ и САД очекуваат со овие криминални владини активности да го промените Уставот. Сериозен проблем е тоа што меѓународната заедница не реагира на соодветен начин што власта го злоупотребува како наводна нивна поддршка за ова невидено разнебитување на државата и правниот поредок, додаваат од партијата.