„Новите предлог – мерки се насочени кон “лов на вештерки”, односно заплашување и санкција на невакцинираните, преку воведување на забрана овие лица да бидат присутни на работното место доколку не примиле вакцина или доколку на свој трошок не обезбедат ПЦР тест не постар од 72 часа, нешто што ќе придонесе овие лица да ги загубат работните места или пак дополнително да осиромашуваат со секој направен тест!

Само за потсетување, согласно Уставот на Република Македонија, Законот за работните односи, но и останати закони од правниот систем на нашата држава, најстрого се забранува работниците да бидат дискриминирани по било кој основ при работен однос, нешто што со овие предлог – мерки и тоа како се прави. Овие мерки на ПРИНУДА нема да постигнат ништо позитивно, дотолку повеќе ќе го расгорат револтот кај работниците, но и ќе “помогнат” за дополнителен бран на отпуштања!“, велат од Обединети работници.

ДСП ,,Обединети работници” бара од владејачката структура да ги повлече овие небулози, а доколку не го стори тоа, ги повикуваме сите синдикати, здруженија на граѓани, политички партии, комори на работодавачи, но и поединци, да се спротиставиме на ова лудило кое што се приредува на работниците, а доколку е потребно и да го искажеме нашиот револт на улица – преку протести.

„Доволно беа експерименти на грбот на работниците. Време е да се случат реални промени за да опстане работничката класа“, стои во нивното соопштение