Изминатиот период сведоци сме за тоа како актуелната влада предводена од ДУИ и СДСМ прави се’ само да ги блокира процесите за техничката влада, свесни за поразот што ги очекува за претстојните избори. Во јавноста слушнавме за некакви средби кои требаше да изгледаат “тајни”, а во суштина тоа беше пробен балон за јавноста за тоа како ќе биде прифатен тој “европски фронт”, кој има за цел поразот на СДСМ да помине што по безболен, велат од Демократските сили на Ромите.
Во насока на последните случувања, сметаме дека единствено логичко објаснување за ваквото однесување на Ковачевски и Ахмети е тоа дека се во обид техничката влада да не се формира во која ќе учествува и ВМРО-ДПМНЕ, а сепак од страна на актуелното мнозинство да биде изгласан Талат за премиер на Македонија. Во едно вакво сценарио таа влада би била политичка во која ќе се спроведе договорт на ДУИ и СДСМ. Предлогот кој беше од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-динот Христијан Мицкоски, да се укине техничка/пржинска влада не беше прифатен, бидејќи во тој случај Талат не би бил премиер и немаше да биде испочитуван коалицискиот договор помеѓу тогашниот премиер Заев и Ахмети.
Исто така, помалите партии кои се во коалиција со СДСМ деновиве излегоа со свои соопштенија со цел да се факторизираат пред избори, иако знаеме која е нивната моќ и бројот на гласови кој го имаат. Мака мачат со пререгистрација на партиите и доколку се обединат дали ќе имаат еден пратеник.
ДСР апелира до актуелната влада поради: Дурмо Турс, онкологија, тепањето на Ромите во Штип, случајот со дискриминација на девојчето во Кочани, М – Нав, како и најмногу поради тоа што Ромите се тргнати од сите процеси и институции во оваа држава, поточно Ромската заедница како дел од оваа држава не е претставена преку Ромска партија со Ромски пратеник во парламентот, министерството без ресор за спроведување на декадата на Ромите кое традиционално припаѓаше на претставник од Ромската заедница го тргнаа на страна и го формираа министерството на Артан Груби. Ромите во Македонија никогаш немале по душмански настроена влада од актуелната.
Оваа влада со оневозмужувањето на Ромите да бидат претставени во системот на институциите, негираше дека воопшто постојат Роми во Македонија.
Им порачуваме дека времето помина кога можеа да направат нешто за Ромите и што поскоро да станат свесни дека ќе бидат убедливо поразени сите во пакет од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ДСР и коалицијата.
ВМРО-ДПМНЕ покажува сериозност, капацитет како и разбирање за сите граѓани во Македонија но и за Ромите како најранлива категорија на граѓани.
ДСР како парламентарна партија и со свој претставник во парламентот, заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе покажат како се работи за Ромите и како се сака Македонија која е мултиетничка држава. Ромите во голем дел ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за предвоник на идната влада, велат од ДСР.