Задржувањето на младите кадри во земјата и нивна мотивација да стапат на пазарот на трудот и понатаму останува еден од најголемите предизвици за економски развој наМакедонија

АХК Македонија е дел од мрежата на 150 германски комори во 93 земји во светот и веќе 24 години ги следи потребите и предизвиците со кои се соочува стопанството во земјата.

Еден од клучните предизвици во изминативе години како за германските, така и за локалните компании е се поголемиот недостиг на стручни кадри. „На денешната средба со министерката за образование проф. д-р Весна Јаневска имавме можност заедно со Дејан Чуповски, координатор на програмата за дулано стручно образование детално да ја информираме за програмата за дуално стручно образование по германски модел. Пред седум години заедно со германските инвеститори во земјата започнавме со нејзино спроведување“- вели Антје Ванделт, директор на АХК Македонија.

Во меѓувреме 15 компании се партнери, како германски, така и македонски, но и други интернационални компании го сметаат германскиот модел како формула за успех, со кој ќе обезбедат млади кадри за своите компании. 450 ученици моментално се дел од програма за дуално стручно образование по германски терк, која се спроведува во осум градови во осум училишта.

Не радува фактот дека и Министерството за образование од самиот почеток е наша поддршка во спроведување на програмата. На денешната средба министерката за образование Јаневска нагласи дека младите се во фокусот на Владата и Министерството за образование и наука и потенцираше дека постои голем интересот и за проширување на програмата за дуално стручно образование по германски терк. “- соопшти Антје Ванделт, директор на АХК  Македонија.