ДУИ влегува во широко сојузништво и консензус околу кандидатурите
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, свика редовна седница на Централното Претседателство, на која беше разгледана актуелната политичка состојба во државата, како и подготовките за претстојните локални избори. Централното раководство високо ја оцени заложбата на партијата за создавање на широко меѓупартиско сојузништво со цел заеднички настап, во насока на зајакнување на локалната самоуправа и унапредување на граѓанските интереси.
Познати првите имиња за неколку клучни општини
ДУИ официјално ги објави следните кандидати:
Во Чаир, кандидат за градоначалник е д-р Бујар Османи, потпретседател на партијата
Во Тетово, кандидат е Бајрам Реџепи, исто така потпретседател
Во Желино, кандидат ќе биде Емир Сулејмани, претседател на општинската организација
Во Гостивар, носител на советничката листа ќе биде Валдет Џафери
Во Струга, носител на советничката листа е Фатон Пололжани
Меѓу останатите, се уште неофицијални имиња се коалиционите партнери Таравари во Гостивар и Села за Струга.
Дополнителни кандидатури ќе бидат потврдени по завршување на внатрепартиските и коалициските консултации. Притоа, ДУИ очекува предлози од Албанската Алијанса: од Зијадин Села за Струга, Арачиново и Дебар, и од Арбен Таравари за Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај.
ПОЗНАТИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА „ЕВРОПСКИ ФРОНТ“: Османи за Чаир, Села за Струга и Таравари за Гостивар
Фатон Ахмети ќе го води изборниот штаб
Со едногласна одлука, Централното Претседателство го именуваше генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети, за шеф на Централниот Изборен Штаб. Покрај тоа, со целосен консензус беа потврдени и дел од кандидатите за градоначалници и носители на советнички листи за повеќе општини.