ДУИ: Позитивно го оценуваме враќањето на Груби
Демократската унија за интеграција (ДУИ) позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата, со што се создава можност преку транспарентна, правична и непристрасна постапка да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат сите прашања.
Очекуваме процесот да се одвива во согласност со највисоките стандарди на владеење на правото – со високо ниво на транспарентност во интерес на јавноста, но пред сè со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи.
ДУИ останува непоколеблива во ставот дека правдата мора да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политички влијанија. Само правична и професионална постапка ѝ служи на вистината, на институциите и на довербата на граѓаните.
Имајќи го предвид високиот политички и јавен интерес за овој случај, партијата внимателно ќе го следи процесот во сите негови фази.
