По вчерашната најава на првиот вицепремиер Артан Груби денеска во Собранието почна финалната раелизација на носењето на Законот на игри на среќа, секако по третиот ден на расправата на Комисијата за европски прашања.
Како што дознава Радио Лидер од пратеници од собранието, ДУИ сака да ги спречи амандманите со кои бизнисот со казината ќе се стави под контрола, па сите нивни членови во комисијата се пријавиле за збор и сакаат до доцна во ноќта да ги блокираат амандманите.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, доцна попладнево изјави дека ДУИ сака да го протне овој закон на скандалозен начин.
– Закажана на само еден час пред да започне официјално и покрај тоа што има многумина пратеници кои што не се од главниот град. Започна и рекордно заврши по само десет минути откако беше започната со работа таа комисија. Три дена трае расправата на оваа комисија, а вкупно не се има работено повеќе од еден час што е спротивно на сите деловнички одредби и што претставува еклатантно кршење на собранискиот Деловник – вели Стојаноски.