На заедничката прес – конференција со косовскиот премиер Албин Курти, тој дури не ја исклучи можноста одредени групи и структури да бидат изманипулирани и да само за да создадат меѓутеничка криза, пренесе Алфа.
Раководството на ДУИ во обид да го заштити капиталот ќе превземе чекори во насока на дестабилизирање на државата а ние како влада имаме полно право да го браниме териоријалниот интегритет, мирот, стабилноста. Да почекаме дали тие информации се точни, ќе треба да се преземат мерки. Ние треба да работиме за интересот на граѓаните, но кога ќе добиеме информации за девијантно однесување на политички партии или некои групи, имаме одговорност, рече премиерот Мицкоски.
Мицкоски не откри детали за какви протести станува збор и на кои групи мисли, дали од дома или од соседството, затоа што во моментов МВР води истрага. Вели институциите будно го следат делувањето на опозициската партија и дека мора да се направи се за да не се нарушат меѓуетничките односи.
Наместо подгревање на тензии кои би ја загрозиле интеретничката слика во земјава, власта очекува конструктивност. Но не само од ДУИ. Поддршка за сите чекори кои ќе го подобрат стандардот, животот на граѓаните, за процесите кои ќе ја движат земјава напред, за реформските чекори, очекува од сите партии.
Во однос на партиите, секоја конструктивност е добредојдена, подобрување на стандардот, поддршка во реформскиот процес, се што е за граѓаните. Жалам што и другите политички партии, СДСМ и Левица не ги поддржаа законските измени, туку само ДУИ, и очекувам кога ќе има реформски закони, да бидат поддржани од сите политички чинители, додаде Мицкоски.
ДУИ никако не може да се помири со заминувањето во опозиција после цели две децении на власт. Ова е прв пат, освен кратката пауза во 2006, што функционерите на ДУИ треба да се соочат со тоа дека не се на власт и дека ќе треба да одговраат за сите сторени криминали. Во изминативе две децении оваа партија важеше за една од најкорумпираните во државата, а новата власт најави дека секој кој се огрешил пред законот, ќе одговара.