ДУИ: Загрижени сме околу „етничката припадност“ во контекст на вработувањето во јавниот сектор
„Демократската Унија за Интеграција ја изразува својата загриженост во врска со последната одлука на Уставниот суд да започне постапка за оцена на уставноста на одредбите кои се однесуваат на „етничката припадност“ во контекст на вработувањето во јавниот сектор.
Оценуваме дека оваа одлука директно ги прекршува клучните одредби од нашиот Устав и ги загрозува темелите на нашето мултиетничко општество изградено со големи тешкотии.
Со оваа одлука се нарушува правичната застапеност на Албанците во државните институции, односно нема повеќе вработување за Албанците.
Поради тоа, ДУИ апелира за итно преиспитување на оваа одлука, со цел да се заштити интегритетот на уставниот поредок и да се обезбеди принципот на правична и соодветна застапеност да остане ефективен и применлив во пракса.
Ги уверуваме нашите сограѓани дека ќе останеме будни во заштитата на овој клучен уставен принцип. Само така можеме да обезбедиме безбедна, правична и еднаква иднина за сите граѓани на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението на ДУИ.