Обвинувања за двојни стандарди и избегнување одговорност за Артан Груби
Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕво гостување на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Тој упати критики кон својот соговорник Блерим Беџети од ДУИ,  обвинувајќи ја партијата за применување на двојни стандарди кога станува збор за одговорноста на нивните функционери. Тој истакна дека додека Рамиз Мерко беше веднаш суспендиран од сите функции по ставањето на црната листа на САД, за Артан Груби се остава простор за “жалба и докажување на невиност”.
  • „Не може сега да се минимизира ситуацијата со Артан Груби, а истовремено кога Рамиз Мерко беше ставен на црната листа, истиот ден беше суспендиран од сите функции. Сега тврдите дека Груби има право на жалба и ќе ја докажува својата невиност. Но, на кого и каде ќе ја докажува? Стејт департментот јасно соопшти дека имаат докази за неговото политичко влијание во судството, што нема да биде толерирано.“ – рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ се враќа на национални теми за да избегне одговорност

Според Мицевски, ДУИ намерно префрла внимание кон национални теми бидејќи не може да понуди објаснување за пропустите во своето работење.

  • „Јасно е дека раководството на ДУИ е свесно за сè што се подготвени да направат само за да ги заштитат своите политичари од одговорност. Наместо да се соочат со реалноста, се враќаат на национални теми, бидејќи за своите неуспеси немаат што да кажат.“ – изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Критики за неуспесите во економијата, образованието и инвестициите

Мицевски ги критикуваше ДУИ за слабите резултати во економијата, образованието и инвестициите, нагласувајќи дека партијата не успеала да ги исполни ветувањата дадени на граѓаните.

  • „Ако зборуваме за таканаречената ‘Зелена ДУИ’ – нема што да се каже. Ако зборуваме за инвестициите кои ги правеа изминативе години – нема што да се каже. Ако зборуваме за образованието под водство на ДУИ – нема што да се каже, бидејќи дури и книги не успеаја да испечатат. А за економијата – граѓаните ги доведовте до просјачки стап.“ – изјави Мицевски, критикувајќи ги резултатите на ДУИ во овие сектори.

Според него, политиките на ДУИ ја довеле државата до економска несигурност, додека образовниот систем е во криза поради недостиг на учебници и лошо управување.

Граѓаните ги казнија ДУИ и СДСМ на изборите

Мицевски посочи дека на последните избори граѓаните ја казнија политиката на ДУИ и СДСМ, со што се создаде простор за опозициските партии да формираат влада. Според него, ВЛЕН е етнички победник меѓу албанските гласачи, што е показател за незадоволството од политиките на ДУИ.

  • „Граѓаните веќе немаат трпение за вашите измислени правила. На последните избори, тие јасно ја казнија политиката на ДУИ и СДСМ. Им дадоа поддршка на опозициските партии за да формираат влада, а етнички победник меѓу Албанците е ВЛЕН, кој освои 110.000 гласови.“ – изјави Никола Мицевски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.