Само еден ден по писмото кое лидерот на СДСМ го испрати до членството, денеска речиси и да нема партија дел од колаиција која не потврдува дека владиното мнозинство е стабилно.
Сакаме да ја информираме пошироката јавност дека Владината коалиција е стабилна без разлика дека на многу места во вториот круг се натпреваруваме меѓу себе.
Работиме исклучиво во интерес на граѓаните и напредокот на земјата е нашата највисока заедничка цел, велат од партијата на Касами.
Членството на земјата во НАТО според ДПА е најголемиот успех на оваа гарнирура од каде посочуваат дека немаат намера да заминат.
Коалицијата на ЛДП и ДОМ чиј кандидат за Скопје Бени Шаќири жестоко му се спротивстави на Шилегов во привиот круг од изборите, утрово сепак стави крај на повеќедневните шпекулации дека ја напуштаат Владата, но не ја поддржаа СДСМ. Поточно, јавна поддршка нема да дадат на ниту еден кандидатат во вториот круг.
На масовна поддршка на бројот 12 на 31 октомври утрово повикаа и помалите колаициски партнери на СДСМ – Демократски сојуз на Павле Трајанов, Партијата за економски промени, Партијата на пензионерите, Демократската партија на Турците, Демократскиот сојуз на Власите и Сојузот на Ромите.
Токму на вакво обединување лидерот на СДСМ повикува изминатите три дена. Заев вели дека пораката од граѓаните е јасна и мора да се почитува, но откажување нема. Со обединување мобилизација и поголема излезност Заев очекува убедлива победа на 31 октомрви.