Наместо секој ден да потонува во анти албански и анти европски сентимент, ВМРО ДПМНЕ треба да ја поддржи европска Македонија и уставните измени. Наместо да се грижи за ДУИ, треба да се грижи за Cеверна Македонија, се вели во партиската реакција од ДУИ.
Наместо Мицкоски да дава насоки на своите градоначалници да не издаваат дозволи за градба и потврди за законска легализација на Албанци, наместо да забранува доделување на работа на Албански фирми, да им дозволи на своите пратеници да гласаат по свое убедување. Наместо да вади ретки архивски слики во маскирна униформа со празен калашников и жени и деца во испраќање во воен рок, да ја преведе веб страницата на партијата и на Албански јазик. Наместо да повикува на војна сред Собрание пред цела јавност, да покаже доблест и да се поклони пред спомен кулата во Слупчане, велат од ДУИ.