Редакцијата на Радио Лидер упатува јавно извинување поради објавата на неточна информација дека бизнисменот Душко Чифлиганец починал во мото-трка во Чешка. Веста ја презедовме од порталот „Локално“

Согласно најновите информации, Душко Чифлиганец не е починат, туку по тешка несреќа се наоѓа во тешка состојба и се бори за живот.

Познатиот македонски претприемач и љубител на мотоциклизмот се бори за живот по здобиени повреди по несреќа на брзинска мотоциклистичка трка на автодромот во Брно, Чешка

Според информации на организаторите, Чифлиганец изгубил контрола врз моторот во една од високобрзинските свиоци, излетал од патеката и се здобил со тешка трауматска повреда на главата.

Душко Чифлиганец е генерален менаџер на фирмата „Адора”. Долги години живее во Дубаи, каде заврши и дел од високото образование.