29 пожари во државава за едно деноноќие
Во последните 24 часа, на територијата на државава се евидентирани вкупно 29 пожари на отворен простор, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). До 6:30 часот, два од нив се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а останатите се целосно изгаснати.
Според ЦУК, активни се пожарите во општините Македонски Брод и Јегуновце. Во пределот „Јасен“ гори мешана шума, додека меѓу селата Рогачево и Јажинце се опожарени пасишта.
Пожарот во регионот на селата Девич и Грешница, во општина Македонски Брод, каде што била зафатена ниска вегетација, е ставен под контрола.