Поради силниот јужен ветер што ја зафати Скопската област, два авиона беа пренасочени да слетаат на Меѓународниот аеродром во Приштина, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Од ДЗС истакнуваат дека два други авиона сѐ уште кружат над скопскиот аеродром и чекаат инструкции за слетување. Надлежните постојано ја следат состојбата и апелираат патниците да ги следат информациите од авиопревозниците и аеродромските служби.
Според податоците од веб-страницата на ТАВ Македонија, се очекуваат доцнења на летовите од Скопје кон аеродромот Милано Молпенса.
Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека денеска се очекува поголема количина дожд, над 30 литри на метар квадратен, а во северозападните делови ноќеска ќе има услови за слаб локален дожд.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, со брзина до 60 километри на час.
