Ограничувањето важи надвор од работа и училиште
Градските власти на Тоџоака воведуваат препораки за жителите да го намалат времето поминато со паметни телефони, видео конзоли и други дигитални уреди. Ограничувањето ќе важи надвор од работното и училишното време, на два часа дневно, а целта е да се намали влијанието на технологијата врз здравјето и семејниот живот.
Новата уредба стапува на сила од 1 октомври и нема да предвидува казни, пренесува агенцијата Кјодо. Според документот, иако се признава значењето на дигиталните уреди во секојдневието, експертите предупредуваат дека прекумерното користење може да предизвика недостиг на сон и намалена интеракција со семејството.
Посебни упатства се дадени и за учениците: децата во основно училиште треба да ги избегнуваат паметните телефони по 21 часот, а постарите ученици по 22 часот.
Градоначалникот Масафуми Коуки посочи дека ограничувањата се воведуваат според насоките за здрав сон на Министерството за здравство, труд и благосостојба. Просечното време на користење за работната недела е поставено на два часа, а надминувањето може да доведе до нарушување на сонот.