Земјотреси во Македонија

Два земјотреси беа регистрирани денеска на територијата на Македонија, едниот во Штип, а другиот во Дебар.

Земјотрес во Штип

Во 09:18 часот во Штип и околината беше почувствуван земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот имал локална магнитуда од 2.7 степени според Рихтеровата скала и неговиот епицентар се наоѓал во подрачјето Штип – Радовиш, на 70 километри југоисточно од Скопје.

Земјотрес во Дебар

Неколку часа претходно, во 01:50 часот по полноќ, беше регистриран уште еден земјотрес, овој пат со епицентар во подрачјето на Дебар, на 80 километри југозападно од Скопје. Според Сеизмолошката опсерваторија, потресот имал локална магнитуда од 3.0 степени.

Двата земјотреси беа со релативно мал интензитет и засега нема информации за материјални штети или повредени.

Земјотреси претходниот месец

Претходниот месец во Скопје, но и низ цела Македонија имаше низа потреси на тлото.

ВТОР ЗЕМЈОТРЕС ВО 24 ЧАСА: Земјотрес со јачина од 2,5 степени ги вознемири граѓаните на Скопје!

За среќа, ова се слаб интензитет без жртви или пак посериозни штети.