Комеморации на повеќе локации

Денеска во Скопје ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на осуммина бранители, припадници на резервниот состав на Армијата, кои во 2001 година загинаа кај месноста Љуботенски бачила. Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводена од бригаден генерал Орце Јордев, ќе положи венци пред повеќе спомен-обележја: во Општина Ѓорче Петров, селата Волково и Љубанци, како и во касарната „Илинден“.

Учеството на институциите

Делегација на Собранието, составена од пратеничките Емилија Ангелова и Каролина Насковска, ќе положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето во село Љубанци. Општина Ѓорче Петров организира оддавање почит пред спомен-чешмата на Томислав Настески – Бумбар во урбаната заедница Мирче Ацев, додека централната комеморативна манифестација ќе се одржи пред споменикот на загинатите бранители во Волково.

Сеќавање на хероите

На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, загинаа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски, кој во 2000 година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.