Двајца од осумте цариниците кои овозможиле шверц на лекови за производство на екстази осудени се на 6 години затвор, а двајца се осудени со условна казна од 6 месеци.

Вчера во Кривичниот суд во Скопјечетворица од осумте обвинети цариници признаа вина за делото криумчарење, објави Алсат.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое го отвори случајот најави жалба на овие пресуди, соопштија од обвинителството.

Истрагата беше отворена лани во декември, во која според обвинителството, се утврди дека цариници, полицајци и други лица во два наврати организирале неовластено пренесување на таблети, а четворицата царински службеници овозможиле прекурсорите да поминат на граница. Судската постапка продолжува за оние кои не признаа вина.