Албанија ја стартуваше предизборната кампања за локалните избори кои ќе се одржат на 14 мај. Двајца Македонци влегуваат во трка за општина Пустец, во областа Мала Преспа, каде мнозинство е македонското население, објави Сител.
Актуелниот градоначалник Пали Колефски како заеднички кандидат на владејачката Социјалистичка партија и Македонска алијанса за европска интеграција, вели дека очекува голема поддршка од граѓаните и победа за да се реализираат сите започнати проекти.
Негов противкандидат е Панди Јани кој доби поддршка од Партијата на слободата на поранешниот албански претседател Илир Мета.
На стартот на кампањата Јани вети нов лик, чиста и модерна општина Пустец која ќе прерсне во вистински туристички центар.
На изборите ќе учествуваат 48 политички партии, 141 кандидат ќе се тркаат за градоначалничка функција, во 61 општина.