Пристанишните власти на Халкидики трагаат по двајца наши државјани кои исчезнале во морската област Посиди, информира српски курир.
Локалните медиуми јавиле дека на плажата „Мити“ пливале туристи. Крајбрежната стража подигнала од вода едно лице, додека потрагата по двајца се уште е во тек.
Како што јавува грчката телевизија „Скај“, исчезнатите прославувале роденден на плажа. Тие скокнале во водата и ги однела струјата.
Во спасувачката акција биле ангажирани хеликоптери и три брода на крајбрежната стража.
Во областа Позидија дува ветер од 5 до 6 степени бофор, пишува курир.рс.