вајца млади жители на Прилеп биле уапсени во Гостивар, под сомнение дека украле возило во Кичево, како и дека се вмешани во други тешки кражби, соопшти МВР.

„На 18.05.2023 околу 08.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода С.Ќ.(25) и Е.Ќ.(28), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека на подрачјето на Кичево биле инволвирани во одземање на возило, казниво по член 242 од Кривичниот законик и во други тешки кражби“, велат од полицијата.

По целосното документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.