Состојбата со хоспитализираните  – двајца во Критична состојба

Во моментов, има двајца во критична состојба, а 57 лица повредени во трагедијата во Кочани се сè уште на болничко лекување. Деветмина од нив се хоспитализирани во македонски здравствени установи, а 47 продолжуваат со третман во странски клиники, информираше Министерството за здравство.

Позитивен пресврт има кај една од потешко повредените, која по лекувањето во странство се вратила и моментално успешно закрепнува на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје. Пациентката била реанимирана два пати, но денес се движи самостојно и е во стабилна состојба.

„Утре ќе има мал хируршки зафат за лекување на отворени рани. Доколку анализите бидат добри, ќе биде пуштена на домашно лекување“, изјави д-р Јасмина Ѓоргиевска-Павловска.

Продолжува враќањето од странство

Денеска се очекува уште еден повреден да се врати од лекување во Унгарија. Иако неколку држави понудија долгорочно и бесплатно лекување. Здравствените власти се подготвуваат да згрижат дел од тешко повредените во новоопремен оддел во ГОБ „8 Септември“.  Помош ќе добијат од британски медицински експерти.

Како што нагласи министерот за здравство, Арбен Таравари, лекувањето не опфаќа само физички третман:

„Потребна е рехабилитација на повеќе нивоа – респираторна, физикална, но и психичка.“

Во катастрофалниот пожар во клубот во Кочани беа повредени околу 200 млади луѓе. Иако мнозинството закрепнува, процесот е долготраен и комплексен.