Двајца возачи загинаа во сообраќајната незгода што утрово околу 7 часот се случи на патот Гостивар-Кичево кај каменоломите.
Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале „ауди“ со странски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Е.З. од Кичево и „шкода“ со скопски ознаки што ја управувал Ш.Н.(48) од тетовско Камењане.
„Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош“, информираа од СВР Тетово.
Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото.
Патот утрово по несреќата, беше целосно затворен за сообраќај.