Поради сообраќајка патот Штип – Кочани е во прекин. Од АМСМ информираат дека причината е сообраќајка и се одвива само во една насока
Две лица загинале, а едно е повредено. Од СВР Штип ги соопштија деталите.
На патот Штип – Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило ‘пежо‘ со кочански регистерски ознаки управувано од А.Н. (40) од Кочани и патничко моточно возило ‘шкода‘ со скопски регистраски таблички управувано од Б.Д. (66) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на пежото и сопатничката Л.Д. (64) во шкодата. Констатирана е смрт од лекар на Итната медицинска помош Штип“, се вели во соопштението од СВР Штип.