Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 30-годишниот Т.Н. и 32-годишниот С.Н., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Според полицискиот извештај, на 28 јули 2026 година во семејна куќа во Штип, првопријавениот заедно со второпријавениот, кој е негов брат, физички ги нападнале сопругата и блиските членови на семејството на првопријавениот, упатувајќи им истовремено и сериозни закани.