Двајца засега непознати сторители физички нападнале 22-годишен скопјанец во текот на ноќта на подрачјето на Кисела Вода. Случајот бил пријавен во полиција вчера претпладне.
Според информациите од СВР Скопје, А.А. од Скопје пријавил дека нападот се случил околу 1 часот по полноќ.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и за утврдување на идентитетот на напаѓачите.
