СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца поранешни директори на АД Пошта за несовесно работење во службата
СВР Скопје соопшти дека поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“, по член 353 став 1 од Кривичниот законик, до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава за двајца поранешни директори на АД Пошта на Македонија во државна сопственост Скопје.
Пријавата е поднесена против В.С. и Б.А. Кои во минатото биле генерален директор и заменик генерален директор. Според сознанијата од опсежните истражни дејствија. Пријавените во текот на 2023 година пропуштиле да вршат должен надзор врз работењето на своите подредени раководители во подружниците на друштвото.
Во такви околности, било дозволено да се постапи спротивно на член 40 став 6 од Законот за јавни набавки. Во врска со член 9 став 1 точка г од истиот закон. Законот пропишува дека договорните органи во оваа секторска дејност смеат да вршат набавки без спроведена постапка за јавна набавка. Само доколку нивната вредност не ја надминува висината од 24.000 евра.
На тој начин, практично било овозможено да се извршат набавки без постапка за јавна набавка во вкупна вредност од 56.546 евра. Ова значи надминување на дозволениот праг за 32.546 евра. Со тоа, пријавените го оштетиле буџетот на АД Пошта на Македонија, стои во соопштението на полицијата.