Корисничка на домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово била физички нападната од две други кориснички, соопшти СВР Куманово. Повредената жена била донесена во Ургентниот центар во Куманово.

– Вчера во 16:55 часот во СВР Куманово, од Ургентен центар Куманово било пријавено дека кај нив со повреди била донесена С.Ц. од Скопје, која престојувала во домот за стари лица во Куманово. Според пријавеното, таа била физички нападната од две лица кои, исто така, престојувале во домот – соопшти полицијата.

Од домот „Зафир Сајто“ информираа дека се запознаени со настанот и дека ќе чекаат на целосниот извештај од полицијата за да преземат соодветни мерки.