Децата биле затекнати од силно невреме додека играле фудбал. Додека барале засолниште под дрво, девет деца биле погодени од молња. Од сериозноста на повредите две момчиња починале, а седуммина се згрижени во болница, соопшти денеска полицијата.
Несреќата се случила во близина на градот Шепмур во провинцијата Мпумаланга.
Полицијата започна истрага за инцидентот и ги повика родителите да ги предупредат своите деца да избегнуваат високи, изолирани предмети како дрвја или кули како засолниште за време на грмотевици.