Два дена по трагедијата во Нови Пазар кога во пожар загинаа четири деца, Србија ја потресе нов трагичен настан. Две деца на возраст од 1 и три години загинаа во пожарот што утрово избувна во Стара Моравица, кај Бачка Топола. Семејството во чија куќа изби пожарот има 8 деца. Четири од од нив биле на училиште во моментот на пожарот, две успеале да побегнат, а двете најмали настрадале во огнената стихија. Се истражуваат причините за пожарот.